Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес објави дека ЕУ ги прифатила барањата на товарните превозници.
Николоски на својот Фејсбук профил пишува дека Брисел прифатил возачите да бидат прифатени како професионалци.Токму добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем со транспортерите од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е она што го баравме.
По протестите и силната офанзива од изминатиот период, Брисел ќе усвои нова визна стратегија што ќе го реши проблемот со кој се соочуваат професионалните возачи.
Во прилог е најважниот дел од него. Благодарност до сите пријатели на Македонија кои помогнаа во решавањето на овој проблем“, пишува Николоски.
Потсетуваме дека транспортерите од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора започнаа протест на 26 јануари 2026 година, блокирајќи ги граничните премини за влез и излез на товарни возила од нивните земји. Тие бараат ЕУ да го регулира нивниот статус во Шенген зоната.
The post Николоски: ЕУ ги прифати нашите барања, возачите се прифатени како професионалци appeared first on Во Центар.



