Николоски на средба со в.д. амбасадорката на САД во Македонија: во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија.
На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.
На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.
The post Николоски на средба со в.д. амбасадорката на САД во Македонија: во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: