Николоски: Претходното раководство на Македонски пошти планирало да ја издаде централната зграда за ресторан со кабаре

Претходното раководство на Македонски Пошти планирале да го издадат објектот на централната зграда за ресторан со кабаре, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по денешната посета на седиштето на ЗЕЛС. Наспроти ова, планот на актуелната влада и министерството за транспорт предводено од Николоски е тоа да биде мултимедијален и културен центар.

Во однос на злоупотребите кои ги констатираше Државниот завод за ревизија во минатогодишното работење на Македонски пошти и платите кои енормно си ги покачиле директорите на претпријатието, додека вработените не земале ни плати, вицепремеирот изјави дека ова не е ништо ново нити изненадувачко.

Добро е што ова го слушнавме и од ДЗС. Очекувам Јавното обвинителство да реагира, да влезе и да утврди одговорност за сите оние кои работеле несовесно и незакоснки, посочи Николоски.

-Пошта беше еден од моите први предизвиици како министер за транспорт, вели Николоски, по чие доаѓање вработените, конечно, почнаа редовно да земаат плата. Најави и дека поради утврдените слабости во моментот се работи на реорганизација на дел јавните претпријатија, како и дека минатото раководство и Влада имале за цел да ја уништат Македонски Пошти, по цена на неколку нови приватни компании кои би се занимавале со овој поштенски бизнис.

Пронајдете не на следниве мрежи: