Никој нема да поверува дека наполни толку години- Меланија во самоизолација го прослави роденденот

Сопругата на претседателот на САД, првата дама Меланија Трамп вчера го прослави 50-от роденден.
По тој повод, популарната ФЛОТУС (Твитер-кратенка за „First Lady of the United States“), доби честитка и од својот сопруг, претседателот Доналд Трамп. Тој на Твитер напиша: „Среќен роденден, Меланија – нашата сјајна прва дама!”
Како што се очекуваше, тие овој ден го минаа дома, како и повеќето Американци – поради пандемијата на новиот коронавирус.


Таа на здравствените работници и децата во болниците во 10 сојузни држави во четвртокот им испрати подарок пакети – како што самата рече, „како мал знак на благодарност за нивната храброст и пожртвуваност во време на коронавирусот”.
Инаку, Меланија Трамп, како прва дама, ја промовира својата „Би-Бест“ (Биди најдобар) кампања против злоупотреба и вознемирување на интернет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.