Никој од осомничените двајца од НИКОБ не ми е личен шофер или соработник како во случајот со Мицковски и Делчевските ниви

Според логиката на Димче, портпаролот, Мицковски треба веднаш да биде уапсен.

ПУЛС24 побара изјава од Кирил Лазаров по повод нападите кон него од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве го краткиот одговор кој што го добивме:

Имено во случајот со делчевските ниви се инволвирани неговиот шофер, како и Ефто неговиот управител во фирмата со хидроцентралите, како и човек за кој што се говори дека бил алфа и омега во „белата палата“ (која патем судски е запленета баш поради досуден криминал во финансирањето). Овие двајца се од директно опкружување на Мицковски и како што се говори исто така се во роднинска врска. Што би се рекло се во постојан контакт во него, за разлика од случајот со НИКОБ за кој што имам многу јасен став дека треба да се процесира и казни.

Сметам дека нападот кон мојата фирма дополнително ја потврдува нивната криминална инволвираност и преку ова само бараат начин да го свртат вниманието од нивниот двор кон нешто друго. Меѓутоа тоа тешко ќе оди затоа што сме сведоци на притварања, судења на луѓе од високите ешалони на таа партија секојдневно.

Во оваа прилика барам да се постапува по закон, секој што се огрешил да одговара. Дотолку повеќе лицата што се занимаваат со политика мора да бидат чисти и да служат за пример во општеството, што во случајот со инволвираните никако не е.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.