Нина Бадриќ ја покажа нејзината помлада сестра

Нема некој во регионов што нема слушнато за Нина Бадриќ, но она што многумина не го знае е дека Нина има преубава сестра.
Иако ретко објавува фотографии од членовите на семејството, Нина овој пат решила преку социјалните мрежи да ѝ го честита роденденот на својата помлада сестра.
Познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ ги израдувала фановите на Инстаграм со фотографија од својата сестра Сунчица.-Сестрите се дар од срцето.

Пријател од душа. Златна нишка на смислата на животот. Сакана моја Сунчица… секој ден е вреден кога сме ние во него. Засекогаш една од друга. Дар од Бога. Среќен роденден , најмила моја. Те сакам. Ти, Јас, Ние, стои во емотивната порака.
Сунчица три години ѝ била менаџер на Нина, а денес живее во Рим со синот Марко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.