Нинџа: имам сознанија дека ДУРЛОВСКИ, ДАМОВСКИ И БЕТМЕН беа плаќани од ВМРО-ДПМНЕ

„Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски беа следени од Петтата управа. Има документација за ова. Петтата управа почна да ги следи кога почна објавувањето на бомбите. Следевме и новинар. Му поставивме камери дома на Алберт Муслиу“ рече тој денеска на рочиштето. Русковска го праша и дали на водачите биле партиоти, односно дали од тие причини протестирале.
Или има и други причини? На ова Нинџа се повика на оперативни сознанија на ДБК и го изјави следново: „Јас не сум ги видел со свои очи што имаа во џебовите кога излегуваа откај Кирил Божиновски, но од оперативни сознанија на Петтата управа знам дека биле плаќани од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и Никола Бошкоски ми кажа дека за тоа го информирал директорот на УБК Владимир Атанасовски“. Нинџа дополни и дека смета дека целиот случај е едно големо искористување на учесниците од врвот на ВМРО-ДПМНЕ кој имал поинакви цели со настанот. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.