Ниските мажи се пољубоморни од високите мажи

Шпанските и холандските научници спроведоа истражување врз над 500 луѓе за да испитаат колку се љубоморни и што ја предизвикува нивната љубомора.

Мажите се чувствуваа несигурно кога нивните конкуренти беа богати и привлечни, при што високите мажи беа најопуштени кога станува збор за љубомората.

Жените беа најмногу љубоморни на убавината и шармот на нивните конкурентки, но немаше разлика помеѓу ниските и високите жени.

Жените биле помалку љубоморни на другите жени доколку тие биле со слична градба, но покажувале поголема љубомора доколку се работело за жени со различни атрибути, а најмногу биле љубоморни на високите жени, особено ако тие имале и некои традиционални машки карактеристики, како доминација или ако конкурентките имале поуспешна кариера и социјален статус.

Како заклучок се наведува дека повисоките мажи веројатно се помалку љубоморни затоа што, генерално, во општествата денес, висината се поврзува со привлечност и доминантност, што е вкоренето во претходните еволутивни фази кога повисоките мажи генерално биле подоминантни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.