Ниски температури, слаб снег и засилен ветер

Времето ќе биде студено, претпладне со слаб снег на западот, а ќе дува краткотрајно засилен северозападен ветер поизразен на северот.
Утринската температури ќе се спушти до минус 16 степени, а дневната ќе достигне до еден степен Целзиусов. Во Скопје слично време со температура во интервалот меѓу -4 и плус 1 степен Целзиусов.
Во наредниве денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури неколку степени под или околу нулата. Најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под -15 степени.
Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда преку денот, но наутро ќе биде студено.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.