Во тв гостување на тв 24, претставници на Супорт Кочани, иницјативата која собира донации за семејствата на загинатите и за повредените од пожарот во Пулс во Кочани, од организацијата велат дека се организира аукција на која ќе се продаваат уметнички дела, а средствата собрани ќе се донираат за семејствата на повредените и загинатите од пожарот.
За жал, како што велат, се помал е интересот за донирање.
Новинарката Мери Јордановска ја сподели изјавата на девојката која е член на Супорт Кочани.
„Слушнете го овој исечок од вечерашната емисија со Душица Мрѓа. Слушнете го гласот на овие млади луѓе. Овие изјави сериозно поразуваат.
Поминаа само 40 дена од најстрашната трагедија во Македонија. Ни загинаа 62 млади луѓе. Донации има сѐ помалку. А допрво дел од повредените се соочуваат со ампутации, операции и рехабилитации кои ќе траат со години. Ниту еден бизнисмен не се одѕвал на поканата да учествува на аукцијата на 26 април. Во меѓувреме, се организира Fashion week, настан за кој има многу поголема заинтересираност.
Ова не смееме да го дозволиме. Ова не е “секое чудо за три дена”. Ова не сме ние. Ова ќе ме остави без сон вечерва.
Слушнете ги овие луѓе кои говорат од срце. Во име на сите тешко повредени во трагедијата во Кочани.
* На 26ти април, во НУЦК Бели Мугри – Кочани ќе се оддржи аукција со јавно наддавање, каде што сите присутни ќе можат да купат уметничко дело и на тој начин да им помогнат на засегнатите жртви и повредени од трагедијата која се случи во Кочани. Сите средства од хуманитарната аукција ќе бидат транспарентно донирани преку страната на @supportkocani.“ вели таа во постот.
The post „НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА за настраданите и повредените од Кочани” appeared first on 365.mk.