Ниту еден од производите со „гарантирана цена“ нема да има ДДВ поголем од пет отсто, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Според него, цената на овие основни прехранбени производи може да биде само дополнително намалена, но никако и зголемена.
Како што истакна Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Македонска економија-довербата расте“, и покрај предвиденото зголемување на ДДВ-то „нема шанси да порасне инфлацијата во делот на храната“.
- Шекеринска: Кога Путин ја започна инвазијата на Украина, сакаше помалку НАТО, наместо тоа, доби повеќе НАТО
- Девојче (3) се застрелала со пиштол што го нашла на работната маса во собата на нејзините родители: Сестра ѝ (5) била до неа
- Реакции по изборите во Хрватска: Историски триумф на Милановиќ
- Од луксузната вила на Ентони Хопкинс остана само пепел: Пред 20 години му изгоре куќата во Лондон, а сега во Лос Анџелес (фото)
- Дизни се соочува со тужба за кражба на сценарија, тужителот бара отштета од 10 милијарди долари (Видео)
Тој се уште во целост не ја погледнал листата на производи за кои се најавува зголемување на данокот на додадена вредност, но доколку се утврди дека со неа се опфатени и некои од основните прехранбени производи со гарантирана цена, тоа, потенцира, ќе биде веднаш корегирано.
-Им гарантирам на граѓаните дека ако во листата на производите со зголемено ДДВ има технички грешки направени од вработените во Министерството за финансии, тоа утре ќе биде ревидирано. Во однос на другите производи, тоа е одлука на Министерството за финансии и ќе имаме можност дополнително да ја разгледуваме. Јас утрово разгледав одредени производи од листата, во текот на денот ќе ја прочитам цела листа и ако има потреба, утре на владина седница, како Министерство за економија ќе го кажеме нашиот став, подвлече Бектеши.
На прв поглед, дополни, двете одлуки, за „гарантирана цена“ и за зголемен ДДВ можеби се контрадикторни, но, како што потсети, листата на производи со замрзната цена е направена врз основа на анализи и факти.
Според него, има простор за дополнително намалување на цената на основните прехранбени производи до крајот на ноември и декември и тоа, најави, ќе се случи.
– Основните прехранбени производи опфатени со одлуката за „гарантирана цена“ ќе бидат само намалени, не може да се случи да бидат зголемени. Нема опција тие да бидат поскапени, нагласи министерот.
Во врска со одлуката за овошјето и зеленчукот, потсети дека е изменета.
-Тука нема целосно замрзнување зашто ги укинавме царинските давачки и за јужното овошје и за други земјоделски производи. Затоа, да бидеме внимателни кога правиме споредби, рече Бектеши.
Министерот е уверен дека во однос на инфлацијата ќе биде надминато она што го вети Владата до крајот на годината. Во континуитет, секој месец, ќе има, како што напомена, намалување на инфлацијата, посебно во делот на храната.