После подолга пауза продолжија снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, а Карлеуша повторно привлече најголемо внимание. Се разбира, со својот стајлинг.
Ако некој очекуваше дека пејачката заради снегот и ниските температури ќе се појави во топла облека, таа го „разочара“.
Впрочем, до пред некој ден се „челичеше“ на Копаоник каде на снегот позираше во танга гаќички.
Карлеуша на снимањето се појави во ултра кусо тексас здолниште и куса јакничка со ист дезен. На нозете носи бели чизми до колена, секако на висока потпетица. Впрочем, погледнете ги фотографиите и се ќе ви стане јасно.