Ништо не мора да биде совршено, прифатете го тоа

Ако постојано размислувате дека не сте доволно добро, или пак дека тоа што го правите никогаш не е доволно, престанете да го правите тоа. Ништо не мора да се совршено.
Можеби замислувате подобра иднина, можеби сакате подобра сегашност и тоа е во ред, борете се за тоа. Но, не трчајте кон совршеноста, таа не постои. Некогаш ќе успеете, некогаш ќе изгубите, некогаш ќе станете, некогаш ќе паднете. Животот не е права, совршена линија. Можеби ќе сакате некој, можеби нема да ве сакаат, можеби ќе се сретнете во погрешно време, тоа е тоа. Продолжете напред.
Животот е таков каков што треба да биде. Потсетете се на вредностите кои ги имате, на работите кои ве прават среќни, на луѓето кои ви даваат поддршка, тие се тука околу вас, во вас. Тоа е тоа што е живот. Не постои совршена слика.


Не постои совршен пријател, совршен живот, ниту пак совршен ти.
Универзумот не е за вас, ниту против вас. Некогаш е на ваша страна, друг пат не е . Одете чекор по чекор и правете го тоа што ве прави среќни.
Кога размислувате премногу, сфатете дека вие сте одговорни за својот живот. Вие сте одговорни за тоа како се чувствувате, што размислувате, како постапувате кон другите луѓе, колку им дозволувате.
Не постои совршенство. Постоите само вие. Вие избирате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.