Ништо ново од Шилегов, и претходно навредувал колеги

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов без трошка срам дрско одговори на реакциите во јавноста откако вчера беше снимен како игра на својот мобилен телефон додека трае расправата за загадувањето во Собранието. Тој беше „фатен“ на својот мобилен телефон додека на говорницата зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
„Во Собранието постои Влатко Ѓорчев. Кога тој зборува, него и неговите паушални говори, мора да ги “надминете” со помагала во форма на мобилен. Колку и да непристојно тоа делува од страна… Во реалноста, постои загаденоста. И Градот. Кој што перманентно работи на надминување и справување со овој наш најголем проблем“, напиша Шилегов.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.