Кристијано Роналдо (38) и неговата партнерка Георгина Родригез (29) пристигнаа во Мадрид поради работа. За време на промоцијата се случи интересна ситуација, а реакцијата на Роналдо ги шокираше сите.
На промоцијата се случи интересна ситуација кога новинарите ја прашаа Георгина дали ќе се омажи за Кристијан, на што таа одговори:
– Секако.
Роналдо видно изненадено реагираше додека Георгина ја даваше изјавата и преврте со очите, а сè беше снимено од камерите. Видеото стана вирално и почна да се шири на социјалните мрежи, а екипата на Твитер не ги штедеше во коментарите.
– Сите врски на Роналд се само поради децата – напишаа тие.
– Ирина Шајк е подготвена да се врати – додале тие..
Да потсетиме, гласините за проблемот на овој пар станаа сѐ погласни во април. Проблемите наводно започнале кога Роналдо пристигнал во новиот клуб во Саудиска Арабија, Ал Наср, а Георгина деновите ги поминува на шопинг во луксузни трговски центри. На фудбалерот многу му пречело тоа што повеќе не е посветена на семејството како порано, туку гледа само за себе и за својата корист.
Парот ги има ќерките Бела Есмералда и Алана Мартин, синот на Роналдо, Кристијано помладиот, кој го доби со жена чиј идентитет не е откриен, и близнаците Ева и Матео, кои на светот ги донесе сурогат-мајка.
Во април минатата година го загубија синот кој почина при породување.