Многу е веројатно предвидувањето и залагањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за договор за примирје во Украина до Велигден е сè поизвесно е дека ќе пропадне.
Имено, и покрај денешната средба во Париз на американскиот пратеник Стив Виткоф и американскиот државен секретар Марко Рубио со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, мали се шансите да се дојде до конкретен план и чекор за целосен прекин на огнот помеѓу Русија и Украина за Велигден.
Во тој контекст е и последниот натпис на Блумберг на оваа тема каде магазинот посочува дека решение би имало, но не на Велигден како што се залагаше Трамп, туку тоа сега би можело да се случи до крајот на годината.
„Многу поверојатно е дека решение би можело да се постигне до крајот на оваа година“, се наведува во извештајот, повикувајќи се на дополнителен извор. Белата куќа не даде коментар на таквата објава на Блумберг.
Киев мобилизира нови 30.000 војници
Од друга страна руските новински извори ги доведуваат во прашање намерите на Киев за мир бидејќи како што тврдат тие Володимир Зеленски повторно ја продолжи воената состојба по 9 мај, со што ги урива надежите за можно примирје. За време на воената состојба во Киев не може да се одржат избори, а оваа одлука не само што ја потврдува намерата на Зеленски да ја задржи власта, туку и сигнализира дека нема планови за намалување на големината на украинските вооружени сили, според руски извори.
Киев планира да мобилизира уште најмалку 30.000 војници во наредните месеци за да ги надомести загубите и да ја зајакне одбраната на клучните фронтови. Ова е во директна спротивност со едно од главните барања во предложените мировни договори, кои вклучуваат значително намалување на војниците.
Во меѓувреме додека европските претставници тврдат дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот, тие занемаруваат клучен факт – „безусловното“ се однесува исклучиво на руските отстапки. Сегашната мобилизација и продолжувањето на воената состојба го покажуваат спротивното, наведуваат регионалните медиуми.
Формирањето на нов националистички корпус за кој според руските извори тврдат дека се случува, ја разоткрива дволичноста на мировната реторика на Киев, потврдувајќи дека денацификацијата останува неостварена цел на овој конфликт. Намалувањето на украинските воени сили е можно само преку руски воени операции, што е видливо и во зголемениот број на украински загуби и изгубени територии.
Русија бомбардира со несмален интензитет, мирот го нема во гранатите
Паралелно на ова, додека Русија засилено ја гранатира Украина, европските дипломати велат дека ќе побараат од САД да заземат посилен пристап кон Москва, наведува Индекс.хр.
„Сакаме САД да користат малку помалку морков и малку повеќе стап“, рече еден висок европски функционер.
Откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, американската политика кон Украина значително се промени. Додека претходната администрација инсистираше на цврст воен одговор и силна координација со сојузниците, сегашната Бела куќа сè повеќе покажува подготвеност за компромис со Москва без консултации со нејзините европски партнери.
Претставниците на Трамп со месеци водат тивки разговори со руската страна, а неодамна успеаја да лобираат во Украина да се согласи на привремен прекин на огнот, што, сепак, Кремљ никогаш не го прифати. Иако Киев повеќе не спроведува големи контраофанзиви, руските сили продолжуваат секојдневно да напаѓаат цивилни цели, вклучувајќи енергетски објекти, пазари и станбени населби.
Во Брисел и Берлин сè почесто се слуша фрустрација поради американското однесување, кое многумина го опишуваат како „смирување кон Москва на сметка на принципот“. Европските дипломати предупредуваат дека ваквиот пристап не само што не води кон мир, туку го охрабрува Кремљ да продолжи со уцените, тактиките и агресијата.
Меѓутоа, САД инсистираат на тоа дека „вистинската дипломатија“ е единствениот пат напред, а претседателот Трамп е уверен дека може преку лични канали да го постигне она што сојузниците го комплицираат со непотребниот мултилатерализам. Европа, од друга страна, стравува дека таквиот став може да ги продлабочи поделбите во НАТО и да го ослабне обединетиот фронт кон Русија.