Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска на прес-конференција соопшти дека Владата отвора телефонска линија за контакт со повредените во Кочани.
Телефонска линија за директна комуникација, која стартува на 9 јуни. Ќе биде достапна 24 часа за сите повредени и нивните најблиски.
„Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на Претседателот на Владата… и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства“, вели Марија Митева.
Иако новинарите прашаа зошто нема физичка канцеларија во Кочани, Митева објасни дека ова е само прва фаза – собир на податоци и барања, по што ќе следуваат и други чекори, вклучително и можни пунктови на терен.
Претходно Владата и Собранието, односно мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ го одбија предлог-законот на СДСМ за финансиска и системска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани.