Ни треба решение што ќе биде прифатливо за Бугарија и за Македонија и веднаш може да се реши проблемот



„Бројките тука се сега 80, само ни треба решение коешто ќе биде прифатливо за Бугарија и за Македонија и веднаш може да се реши проблемот. Јас сум оптимист дека конечно Албанија и Македонија ќе продолжат заедно и да ги започнат преговорите“, изјави Травари во вечершаното гостување на Канал 5 телевизија

Коалицијата „Вреди“ е најдобра гаранција за тоа дека Северна Македонија ќе го продолжи европскиот пат. Впрочем, и во првата декларација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ постоеja три точки – европски пат, брз економски развој, борба против криминалот и корупцијата и правна држава, изјави Арбен Травари од Алијанса за Албанците во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија.

„Гарантирам дека ќе има модалитети кои ќе бидат прифатливи и за двете страни. И за Скопје и за Софија и во тоа сум многу сигурен, меѓутоа за тоа кои се опциите, сигурно идниот премиер ќе ги каже. Меѓутоа, ви велам, се работи на тоа интензивно“,

изјави Таравари.

Прашан дали има разговарано со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за уставните измени, Таравари рече „нормално“, нагласувајќи дека не е коректно тој да каже за какво решение, туку тоа треба да го соопшти идниот мандатар или премиер.

„Работиме  од повеќе аспекти. Јас сум оптимист дека ќе се изнајде решение. Ќе имаме помош и од невладини организации и од луѓе што ќе сакаат да помагаат на Македонија, сè со цел да се движиме и да ги започнеме преговорите, бидејќи тоа е за доброто на граѓаните. Бројките тука се сега 80, само ни треба решение коешто ќе биде прифатливо за Бугарија и за Македонија и веднаш може да се реши проблемот. Јас сум оптимист дека конечно Албанија и Македонија ќе продолжат заедно и да ги започнат преговорите“,

рече Таравари.

Тој исто така изрази очекување дека ДУИ ќе биде конструктивна опозиција и дека ќе направи мирна транзиција.

Прашан за тоа дали ќе биде министер за здравство, Таравари рече дека во следните неколку денови ќе одлучи дали ќе ја прифати функцијата министер за здравство.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: