НОВАК БЛИСКУ ДО ШОКАНТНА ОДЛУКА! Го прашале за новиот тренер а тој откри дека можеби ќе направи НЕОЧЕКУВАН потег!

Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата ја доби наградата Лауреус за најдобар спортист на светот, а во таа прилика беше под будното око на сите присутни.Новинарите ја искористија можноста да го прашаат Ѓоковиќ за новиот селектор и тој даде неочекуван одговор.– Размислувам и дали да имам или не тренер. Навистина добро поминав со Ненад Зимоњиќ како тренер во последните три недели, па да разговараме за продолжението и да видиме. Да видиме, ќе донесам одлука во наредниот период – рекол Новак, и додал:
– Не се брзам. Не е дека мислам дека воопшто не ми треба тренер. Мислам дека секогаш вреди да се има квалитетен тим и кондиционен тренер, физичар, ментален тренер. Сè е важно. Создава формула за успех и ви помага подобро да работите, подобро да тренирате, подобро да закрепнувате. Останете на врвот онолку долго колку што можете. Но, мислам дека сум во фаза од мојата кариера каде што можам да си дозволам можеби да размислувам да немам тренер, тоа е исто така опција. Ајде да видиме. Наскоро ќе ја донесам мојата одлука.

Пронајдете не на следниве мрежи: