Новак Ѓоковиќ моментално е во Австралија каде ќе ја претставува Србија на Купот на Јунајтед , а слободното време го искористи да посети природен резерват и да направи селфи со куока.
Куоката се смета за најсреќното животно на планетата и е вид торбар, а можете да го видите во југозападна Австралија.
Are you even in Australia if you haven’t taken a quokka selfie? 🤳@DjokerNole @UnitedCupTennis #UnitedCup pic.twitter.com/4WjIBII448— Tennis TV (@TennisTV) December 29, 2023
Според Црвената листа на загрозени видови на IUCN, тој е исклучително ранлив, а неговата блиска средба со Новак Ѓоковиќ ги „запали“ социјалните мрежи, а видеото од српскиот тенисер како лежи на земја за да направи селфи стана вирално.
За потсетување, Новак ќе игра против Жижен Жанг во сабота од 10 часот по средноевропско време.
Во продолжение ви претставуваме неколку фотографии од животно куока :
куока
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.