Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испиша голема историја во спортот, а сега доби и уште едно признание за успесите кои ги оствари.
Познатиот бренд на часовници „Hublot“ изработи часовник кој ќе го носи името на Ѓоковиќ, но и ќе содржи „делови“ од српскиот ас.
Станува збор за моделот: „Hublot Big Bang Unico x Novak Djokovic“. Посебно интересно е што часовникот содржи материјали од рециклирани маици и рекети кои Новак ги користеше во актуелната сезона. Во целиот свет ќе бидат произведени само 100 вакви примероци, а часовникот ќе тежи 49.5 грама, додека едно тениско топче е со тежина од 56 грама.
Позната е и вредноста на часовнико кој ќе се продава по неверојатни 54.900 евра.