Новак Ѓоковиќ го освои Австралијан опен по десетти пат во кариерата и стигна до 22-та Гренслем-титули со што се израмни со Рафаел Надал.
Ѓоковиќ со освојувањето на пехарот во Мелбурн, а ова за него е и одмазда за тортурата која ја доживеа минатата година кога беше депортиран.
Ѓоковиќ не можеше да ги запре емоциите, се расплака, а потоа откри дека во следните недели ќе открие се низ што поминал.
„Размислував во овие две недели дали сакам да објавам нешто на социјалните мрежи, да покажам фотографии низ што поминав и во следните денови ќе објавам се“, кажа Ѓоковиќ.
„Кога отидов во ложата, емотивно се распаднав и силно се расплакав во прегратката со мајка ми и брат ми. Тоа ми се случи зашто се до тој момент не можев да си дозволам вниманието да ми го одвлекуваат работи надвор од теренот или повредата. За да останам фокусиран од ден за ден ми требаше огромна ментална енрегија“, додаде Ѓоковиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.