Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ лесно, во три сета го совлада американскиот тенисер Томи Пол и по десетти пат се пласира во финалето на Австралија опен каде ќе игра против Стефанос Циципас.
Неизвесно беше само во првиот сет иако не се наговестуваше тоа, Ѓоковиќ имаше водство од 5-1, кога Томи Пол направи неочекувана серија и дојде до 5-5. Српскиот тенисер се совзема од падот, ги доби наредните два гејма и го доби сетот со 7-5.
Потоа беше многу полесно, вториот сет Ѓоковиќ го доби со 6-1, а третиот со 6-2, со што ја комплетираше победата од 3-0 во сетови.
За Новак Ѓоковиќ ова ќе биде десетто финале на Австралија опен, досега ниту еднаш нема загубено.