Новак Ѓоковиќ со голем респект кон сестрите Серена и Венус Вилијамс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рече дека многу ги респектира сестрите Серена и Венус Вилијамс поради начинот на кој ги играат меѓусебните дуели.
Американките денес на УС Опен ќе имаат дуел во рамките на третото коло.
– Искрено не знам како го прават тоа. Многу ги почитувам. Јас имам двајца помали браќа, си замислувам како би било да играм против еден од нив, но навистина не знам.

За среќа, нема да го доживеам тоа, бидејќи не знам дали би можел да играм толку жестоко против брат ми,. Но сестрите Вилијамс го прават тоа. Тие играа 30 пати меѓусебено, тоа е импресивно, тие се инспирација за сите нас, рече Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД во третото коло ќе игра против Французинот Ричард Гаске.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.