Новата фотка на Врањеш предизвика хаос по аферата со Карлеуша

Jelena Karleuša i Ognjen Vranješ

По скандалот со Јелена Карлеуша Огњен Врањеш е префлен во резервниот тим на “Андерлехт“, а фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил предизвика бројни коментари.
Врањеш позираше во сако кое наликува на војничка униформа, со сериозен израз на лицето и без насмевка. Следбениците на социјалната мрежа забележаа дека изгледа нерасположено, по што следуваа коментарите. Некои го фалеа, други го напаѓаа заради аферата со поп-ѕвездата. Но никој не можеше да не забележи еден детаљ, па има и такви кои искоментираа дека ги потсетува на починатиот Мајкл Џексон.


Портпаролот на клубот Мари Вербеке ги потврди шпекулирањата на медиумите дека клубот одлучил Врањеш да го стави во Б тимот и дека до истекот на договорот ќе игра за резервниот состав.
– Одлуката ја донесе стручниот штаб. Во моментов тој е во тимот до 21 година и во тек се преговорите на неговиот менаџер и “Андерлехт“ околу заминувањето, изјави Вербеке. Бидејќи аферата на Јелена и Врањеш поприма континентални димензии и има секојдневно нови информации, се за КАРЛЕУША ПРОЧИТАЈТЕ СЕГА И ТУКА

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.