Нова бомба на СДСМ: Фирма блиска до ВМРО добила 51 тендер

Нова бомба денеска објави опозициската СДСМ. На фирмата „Пирамид билдинг солушнс“ од 2022 година до денеска, доделени и се 51 тендер во вредност од 16 милиони евра.
Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не можат да се добројат. Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендри. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија…секаде каде градоначалниците се од ВМРО. Низа на тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма, изјави Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Последниот тендер во декември 2025 година е со Град Скопје, тврди СДСМ.
Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра. Кога седна Орце во градоначалничката фотеља кога добија тендер. Ова е уште еден пример како власта си дели тендери по свој терк, рече Фрчкоски.
Информациите, велат од СДСМ, се добиени од свиркачи кои преку дигиталната платформа МИЦКО.мк и тие наведуваат дека брачни другари на високи финкционери во ВМРО биле дури и на платен список на оваа компанија, преку договори за дело.
– Овие информации ги истражуваме и дополнително ќе ги објавиме. АКТ ќе го разоткрие целиот систем за испумпување на парите на граѓаните, велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: