Нашите источни соседи откако хоспитализира и лекуваа 15 повредени од трагедијата, а бугарски пратеник собра и донираше 40.000 евра, сега уште една донација.
Бугарската фондација Гората.бг на Болницата во Кочани донираше медицински концентратори на кислород, медицински инхалатори, медицински уреди за мерење на крвен притисок – механички, медицински уреди за мерење на крвен притисок – дигитални, медицински дигитални термометри, медицински стетоскопи, антидекубитални душеци и медицински пулс оксиметри.