Нова делница, нови правила: Важни новини кои треба да ги знаете ако патувате кон Белград

Цена на патарините на јужниот дел на Коридорот 10 уште само неколку месеци ќе остане иста. Според неофицијалните најави, од 1-ви јули таа ќе порасне, односно ќе почне наплата на неодамна отворениот дел од автопатот низ Грделичката Клисура.
Како што пренесува РТС, патниците што ќе патуваат од Прешево ќе треба да плаќаат патарина во износ од 420 динари. За оној што ќе патува од Прешев до Белград, таа ќе изнесува 1.430 динари, додека моменталната цена е 1.090 динари.


Она што е сигурно, поврзано со овој дел од автопатот е дека брзината на движење на возилата е ограничена на 100 километри на час на патувањето, односно на 80 километри во тунелите, иако србскиот закон за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидува максимална брзина на движење со 130 километри на час.
Наведеното ограничување на овој дел од автопатот е такво заради безбедноста на сите патници, бидејќи новата делница е комплицирана и состои од 36 мостови, 2 најголеми тунели, а трасата на автопатот на неколку наврати преминува од една на друга страна на реката Јужна Морава, премостувајќи го главниот и регионалниот пат, како и меѓународната железничка линија, велат од државната компанија која управува со патиштата во Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.