Нова драма на Дарко: Едвај извлече жива глава по сообраќајка, а сега за влакно избегна нова несреќа

Фолкерот Дарко Лазиќ е познат по тоа што сака добри автомобили и ужива во возењето.
На 23.10.2018 година имаше страшна сообраќајна несреќа кога со возило излетал од патот, а автомобилот неколку пати се превртел и завршил на покривот. Тогаш Дарко едвај остана жив.
Бидејќи му била одземена возачката дозвола поради бројни сообраќајни прекршоци, тој на почетокот на годинава повторно полагал и добил дозвола за да може да вози автомобил без страв од полицијата.

Пејачот сега имал лоша среќа на патот кога му се извртело тркалото и му се скинала гумата, односно му биле дупнати двете предни гуми.
Лазиќ повикал пријател кој го влечел, а оваа несреќа со дупнати гуми, за среќа, завршила без поголеми последици.
Несомнено е дека Дарко Лазиќ сега повеќе се грижи кога е сообраќајот во прашање, а сега му останува само да го врати своето четири тркала во форма и да ги приспособи за возење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.