Нова драма на Кејт Мидлтон! Родителите на принцезата од Велс длабоко во долгови!?

Семејството на Кејт Мидлтон повторно е во фокусот на британските медиуми, кои брмчат поради тоа што родителите на принцезата од Велс западнале во големи финансиски проблеми.Како што пишува британски „Тајмс“, Керол и Мајкл, таткото на принцезата, должат речиси 300.000 евра . Мајката на Кејт Мидлтон, Керол Мидлтон, наводно прави се за да ја заштити својата ќерка да не знае дека семејството е во финансиски проблеми.Споменатите медиуми тврдат дека Мидлтонови од минатата година не можат да подмират некои деловни долгови, поточно, немаат доволно пари да ги платат сметките на компанијата која ги советувала.– Керол се обидува да го задржи фокусот на принцезата на исцелување и закрепнување – рекол неименуван извор за странските медиуми за целата ситуација и продолжил:  –  Ова е многу тежок период за целото семејство, но тие не бараат помош од децата  и не сакаат да се грижат. Кетрин и нејзините родители имаат блиски односи и разговараат за се, но сега не зборуваат за работа бидејќи таа мора да се фокусира на своето здравје. Да потсетиме, експертот за кралското семејство тврди дека Вилијам и Кејт прават се за да се помират со Хари и Меган. Како што претходно објавија британските медиуми, војводите од Сасекс не се во добри односи со кралското семејство, а се скарале со принцот и принцезата од Велс.Но, Том Квин, кралскиот биограф, рече дека Вилијам и Кејт се обиделе да ја поправат ситуацијата. Тој за Мирор изјави дека контактирале со Меган и Хари и ги молеле да дојдат во ОК и да ги донесат нивните деца Арчи и Лилибет. Меѓутоа, Меган наводно го одбила овој предлог. 

Пронајдете не на следниве мрежи: