Американските сили извршија нови удари врз ирански воени цели по инцидентите во Ормутскиот теснец, каде според CENTCOM биле нападнати американски воени бродови со дронови, ракети и брзи чамци.
Според американската команда, нападите биле „дефанзивен одговор“ на иранските акции, при што биле погодени ракетни и дрон позиции, командни центри и системи за надзор во јужен Иран.
Institute for the Study of War (ISW) во својата најнова анализа предупредува дека ситуацијата влегува во опасна фаза на директна конфронтација меѓу Вашингтон и Техеран, со ризик од поширока регионална ескалација.Според ISW, Иран паралелно се обидува:да преживее под силен воен и економски притисок,но и да создаде дополнителен притисок врз САД преку асиметрични напади и закани за Ормутскиот теснец — една од најважните светски рути за транспорт на нафта. Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека биле активирани системи за воздушна одбрана во Техеран и во јужните делови на земјата, додека американски и британски медиуми јавуваат дека светските пазари реагирале со раст на цената на нафтата и пад на берзите поради страв од нова голема криза на Блискиот Исток.
The post НОВА ЕСКАЛАЦИЈА: САД извршија удари врз ирански цели, ISW предупредува на опасен развој на конфликтот appeared first on Во Центар.



