Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон„ беше отворена на 10 ноември, со почеток во 19 часот, галерија Eville Soe во Софија (ул.Пиротска 45).
„Хексагон„ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба.
Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добиваат универзални уметнички димензии.
Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон.
Изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 09 декември.