Нова Каледонија на чекор од општа војна! Франција итно донесе 500 специјалци: Ја обвини Москва за немири, градот во пламен (ВИДЕО)

Француската влада прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија по повеќедневните вооружени судири меѓу демонстрантите и полицијата!Властите воведоа полициски час во главниот град Нумеа и го затворија главниот аеродром за комерцијален сообраќај поради најголемите немири на островот во Пацификот во последните 40 години. Тие исто така забранија јавни собири и продажба на алкохол. TikTok е исто така забранет.За време на немирите, според неофицијални информации, загинале 10 лица, а повеќе од 200 се повредени. На снимката се гледаат запалени згради и автомобили и блокади на патиштата. Меѓу загинатите наводно има и двајца француски жандарми.
pic.twitter.com/qHUHcSOkpe— Pluton (@Pluton45873221) May 17, 2024
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Нова Каледонија веќе се присутни 1.800 полицајци и жандарми и дека пристигнуваат уште 500 припадници на специјалните сили RAID и GIGN.Вонредната состојба ќе им овозможи на властите да воведат ограничувања за движење и да вршат куќен притвор и претреси.Протестите на домородната заедница Канака, која со години се бори за независност и сочинува околу 40 отсто од населението, започнаа во понеделникот поради гласањето во францускиот парламент од 17.000 километри за измените на уставот на Нова Каледонија, кој ќе им даде право на глас на француските доселеници кои живеат на островите повеќе од 10 години. Домородното локално население смета дека на овој начин ќе биде лишено од влијание врз политичките процеси во државата.– Во последните два дена видовме насилство од такви размери какви што не сме виделе 30 години во Нова Каледонија. На некој начин тоа го означува крајот на 30 години мир. Народот Канак се противи (гласањето во Франција) не само затоа што во Париз е одлучено без нив, туку затоа што сака тоа да биде дел од преговорите што ќе доведат до нов референдум за самоопределување – изјави поранешниот генерален конзул на Австралија во Нова Каледонија, Дениз Фишер за CNN.
Pendant ce temps là en Nouvelle Calédonie…Les flics se font piquer leurs bagnoles. J’espère qu’ils ne vont pas l’abîmer 😏 pic.twitter.com/PuWzu1OfyQ— 𝕸𝖆𝖗𝖈𝖆𝖓𝖙𝖔𝖓𝖎𝖔 𝕭𝖗𝖆𝖌𝖆𝖉𝖎𝖓 (@MarcAntoni37674) May 17, 2024
Предложените уставни измени ќе додадат илјадници дополнителни гласачи во избирачките списоци на Нова Каледонија, кои не се ажурирани од доцните 1990-ти. Групите за независност велат дека промените се обид на Франција да ја зацврсти својата контрола над архипелагот.
Upheaval in New Caledonia due to inequality & poverty — with “stark class/race bubbles” created by the well-off French settlers in their Pacific colony — a land of “yachts and squats”. Insightful thread👇 https://t.co/fNt9SwQUX4 pic.twitter.com/15IjVAw4Tg— Peter Cronau (@PeterCronau) May 17, 2024
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин го обвини Азербејџан дека стои зад сепаратистите, додека изворите на „Политика“ меѓу француските официјални лица тврдат дека антиколонијалната реторика на Азербејџан е главно инспирирана од Москва. Париз е многу иритиран што Азербејџан, со помош на Иницијативната група Баку, која ја основа пред една година, го критикува францускиот колонијализам и ги поддржува поддржувачите на независноста на Нова Каледонија.Многу демонстранти, наводно, веат азербејџански знамиња.Политико цитира француски разузнавач кој наведува дека активноста на Русија и Азербејџан во Нова Каледонија трае со месеци.Нова Каледонија е една од десетте полуавтономни француски територии расфрлани низ Тихиот и Индискиот Океан. За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички, но и поради наоѓалиштата на никел.

Пронајдете не на следниве мрежи: