На денешен ден, излезе ново издание на книгата „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“, дел од колекцијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Ова дело од Ксенофонт е преведено од старогрчки на македонски јазик од Светлана Кочовска-Стевовиќ, а неговото објавување беше финансиски поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
„Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“ претставува љубовна сказна од раните векови на нашата ера, која втемелува патување на исток низ Медитеранот прикажувајќи ја кршливоста на љубовта преку судбинско разделување на двајцата главни ликови. На ова патешествие исполнето со опасности како пирати, разбојници и други проби, Антија и Хаброком со секој нов настан создаваат посилна љубовна врска. Таа ќе биде ставена на тест додека трагите на судбината ги водат на различни патишта.
Познато е дека 33-тата новела на италијанскиот поет Масучо Салернитано, „Мариото и Џаноца“, издадена во Наполи во 1476 година, била инспирирана од делото на Ксенофонт, „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“. Оваа новела со текот на времето преработувана од неколку автори, на крај била инспирација за Шекспировото „Ромео и Јулија“.
Ксенофонт од Ефес, споменат во античката книжевност, оставил зад себе само едно зачувано дело – романот „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“. Освен тоа што се претпоставува дека бил родум од Ефес и живеел во I век од новата ера, за него нема многу информации. Неговиот роман е дел од петте комплетно зачувани антички љубовни романи и се смета за најстариот во оваа жанровска форма. Публиката, по напливот на преводи на Сенека, Лукијан од Самосата, Кикерон, Такит, сега може да се радува и на оваа нова понуда од класичната литература.
The post Нова книга од едицијата „Арго“ на издавачката куќа „Или-Или“ appeared first on 365.mk.