Синдикатот на полиција во Македонија денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.
- Два хороскопски знаци кои сакаат да ги осудуваат другитеСите знаеме луѓе кои имаат посебно око за туѓите грешки и не се плашат тоа отворено да го покажат. Иако немаат секогаш лоши- прочитај повеќе
- Криза со глад во Газа: „Зарем не заслужуваме ниту парче леб?”Во покраината Кан Јунис во јужна Газа, толпата се протега до каде што очите можат да видат пред единствената оперативна пекара. За многу- прочитај повеќе
- Семејството дојде на судењето на Паф Деди: Повторно му беше одбиена кауцијата, а потоа следуваше и нов скандал (фото)Раперот Паф Деди вчера пристигна во судот за неговиот трет обид да добие кауција во случајот со трговија со луѓе поради спорот околу однесувањето на обвинителството. 55-годишниот- прочитај повеќе
- Шокантен детаљ на видеото од говорот на Путин! Бура на социјалните мрежи: Го забрзале видеото од неговата адреса, па забележале нешто неприродно (ВИДЕО)Веќе подолго време, пред сè во западните медиуми, се шпекулира за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин.Минатата година се пишуваше дека умира и дека- прочитај повеќе
- Ни секој петти во Македонија нема каде да се засолни во случај на напад врз државата?!Само 18 проценти од македонското население ќе има каде да се засолни во случај на оружен напад врз државата, прецизираат од Дирекцијата за- прочитај повеќе
Второпријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.
Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.
Нагласи дека како синдикат во јавноста веќе две-три години зборуваат дека во последните неколку години во времето на владеење на поранешниот министер за внатрешни работи незаконски се издадени преку 25 илјади решенија.
Станува збор за преку 25 илјади решенија за распоредување од чие изготвување според официјалната пресметката е сторена штета на буџетот на МВР од преку 25 милиони евра. Се надевам дека ОЈО ќе има сериозна работа пред себе, сериозен предизвик и дека сета оваа работа вклучително и денешнава ќе излезе пред јавноста за многу брзо време, посочи Коцевски.
Од почетокот на годината синдикатот има поднесено повеќе кривични пријави против поранешниот министер, кој функцијата ја извршуваше долги години.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.