Екипата на Хјустон ја спаси честа на гостите, во шесте натпревари одиграни во НБА лигата.Хјустон, во Оукленд го победи Голден Стејт со 116:107, Џејмс Харден (27 поени, 7 скока, 5 асистенции) и Чендлер Персонс (21 поен, 8 скока, 9 асистенции), го предводеа тимот до победата.Шампионот Мајами,до 35-та победа во сезоната стигна на дуелот со Портланд, а Леброн Џејмс продолжи да испишува нови страници во НБА историјата. Мајами победи со 117:104, а Џејмс шести натпревар по ред постигнува најмалку 30 поени. Кралот Џејмс мечот го заврши со 20 поени, шест скока и девет асистенции.Најефикасен играч на Мајами на овој меч беше Крис Бош кој реализира 32 коша. Дамијан Лилард со 33 и Ламаркус Олдриџ со 29 поени беа најефикасни во редовите на Портланд.ЛА Лејкерс на домашен терен го совладаа Феникс со 91:85 и покрај катастрофалното издание на Коби Брајант. Најдобриот играч на Лејкерси мечот го заврши со само четири поени, а имаше уште пет скока, девет асистенции и дури осум загубени топки. Брајант од поле имаше шут 1/12. Двајт Хауард со 19 поени беше најпрецизниот кај ’езерџиите’.На другите натпревари: Торонто-Денвер 109:108, Мемфис-Сакраменто 108:101 и Јута-Оклахома 109:94.
МакфаксЕкипата на Хјустон ја спаси честа на гостите, во шесте натпревари одиграни во НБА лигата.