Нова провокација: Црквата на Тетовско кале нападната од вандали

Во упадот на манастирскиот имот „Св Атанасиј“ на тетовското Кале оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета,

Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ соопшти дека утрово за упадот пријавила во полиција.

Овва се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава, јавува ТВ21.

„Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност“, соопшти Тетовско-гостиварската епархија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.