Ковид 19 може да го наруши квалитетот на спермата и да ја намали плодноста кај мажите, според новата студија која се потпира на експериментални докази.
Вирусната болест, која го опустоши светот и однесе 2,2 милиони животи, може да предизвика смрт на клетките кај сперматозоидите, воспаленија и т.н. оксидативен стрес, објавија научниците во списанието „Репродукција“ во петокот.
„Овие откритија го даваат првиот директен експериментален доказ дека машкиот репродуктивен систем може да биде погоден, а Ковид-19 може да го оштети“, заклучуваат авторите.
Експертите кои не се поврзани со ова истражување, сепак веруваат дека способноста на вирусот да ја загрози машката плодност е сè уште недокажана и бараат претпазливост при толкувањето на резултатите од студијата.
Ковид-19 предизвикува респираторни симптоми, особено кај постарите лица и оние со други болести. Постојат повеќе од 100 милиони случаи на заболување во Кина ширум светот кон крајот на 2019 година. Вирусот се пренесува со капки од дишење и болеста ги напаѓа белите дробови, бубрезите, дигестивниот систем и срцето.
Претходните истражувања покажаа дека може да го зарази и машкиот репродуктивен систем, да го наруши развојот на клетките кај спермата и да се меша со репродуктивните хормони. Истите рецептори што ги користи вирусот за пристап до ткивото на белите дробови се наоѓаат и кај тестисите.
Но, ефектите на вирусот врз репродуктивната способност на мажите остануваат нејасни.
Бехзад Хаџизаде Малеки и Бахтијар Тартибијан од германскиот универзитет во Џастус-Либиг истражувале биолошки маркери што може да покажат негативно влијание врз плодноста.
Анализата, спроведена во интервали од 10 дена во текот на 60 дена кај 84 мажи со Ковид-19, беше споредувана со податоците од 105 здрави мажи.
Кај пациенти со Ковид-19, сперматозоидите покажаа значително зголемување на воспалителни маркери и оксидативен стрес, хемиска нерамнотежа што може да ги оштети ДНК и протеините во телото.
„Овие ефекти врз клетките на спермата се поврзани со понизок квалитет на сперматозоидите и намален потенцијал на плодност“, вели Малеки.
„Иако ова се подобруваше со текот на времето, тој остана значително и ненормално повисок кај пациенти со Ковид-19“.
Колку е потешка сликата за болеста, толку се поголеми промените, додаде тој.
„Светската здравствена организација треба да го разгледа машкиот репродуктивен систем и влијанието од ковид 19“, вели Малеки.