НОВА СТУДИЈА: Научници тврдат дека 2 метри дистанца не се доволни. Потребни се најмалку 4 метри

НОВА СТУДИЈА: Научници тврдат дека 2 метри дистанца не се доволни. Потребни се најмалку 4 метри

  • Научниците открија дека коронавирусот може да рашири скоро 4 метри далеку од заразениот – повеќе од двојно од 2 метра социјалната дистанца што сега се бара!
  • – и дека изолирањето на заразените лица дома не е добра стратегија!!

Кинеските научници прегледале две одделенија во болница во Вухан и откриле дека преносот на аеросол (искашлици и слично) е концентриран дури до 4 метри од заразениот.

Вирусот исто така бил многу концентриран на површини како рачки на вратите и компјутерски глувчиња.

Тимот забележал т.н. аеросолен пренос (преку воздух) – кога капките од вирусот се толку мали, можат да останат во воздухот дури и по неколку часа.

Мапа на ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ, сите три досега лоцирани мутации

Сепак, останува нејасно дали овие ултрарафинирани честички се заразни и Светската здравствена организација досега го минимизира ризикот. Кинескиот тим, од Академијата за воени науки во Пекинг, исто така ја тестираше концентрацијата на болеста на површините. Нивните откритија, објавени во списанието Emerging Infectious Diseases, биле дека вирусот бил најмногу концентриран на подовите на одделенијата, можеби заради гравитацијата и вентилацијата во болниците предизвикувајќи повеќето капки вируси да бидат на под.

Високи нивоа на КОРОНАВИРУСОТ биле пронајдени и на честопати допираните површини како компјутерски глувчиња, ѓубрето, канти за ѓубре и рачки од врати. „Понатаму, половина од примероците од стапалата на чевлите на медицинскиот персонал во болниците се позитивни“, напиша тимот. „Затоа, стапалата на обувки од медицински персонал може да функционираат како преносители“.

Постојат три различни видови на КОРОНАВИРУСОТ во светот и додека Европа страда од оригиналната верзија, кинеската епидемија беше рана мутација на КОРОНА

Охрабрувачки, ниту еден припадник на персоналот во болницата не бил заразен, што укажува дека соодветни мерки на претпазливост можат ефикасно да ја спречат инфекцијата“, напишаа авторите на оваа студија.

Тие, исто така, понудија совети што се различни од повеќето упатства за изолација: „Нашите откритија укажуваат на тоа дека домашната изолација на лицата позитивни на КОРОНАВИРУСОТ  можеби не е најдобра стратегија за контрола со оглед на нивото на загадување на животната средина. Бидејќи повеќето граѓани немаат пристап до опрема за лична заштита, научниците веруваат дека ограничувањето на КОРОНАВИРУОСТ внатре во домаќинставата, во затворен простор, може да доведе до случаи на кластери.

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.