Во украинскиот Парламент повторно се случи тепачка. Како што пренесуваат украинските медиуми до тупаниците и туркањата меѓу пратениците дошло заради плаката на која се наоѓал украински политичар наречен „Путинов агент“.
Меѓусебното туркање на двајца од пратениците многу брзо прераснало во општа физичка пресметка, при што тупаници летаа на сите страни, а седницата била прекината. Човек слободно може да каже ништо чудно, зошто ова не е прв случај на тепачка меѓу украинските пратеници во Собранието.