Нова тепачка во украинскиот Парламент

Во украинскиот Парламент повторно се случи тепачка. Како што пренесуваат украинските медиуми до тупаниците и туркањата меѓу пратениците дошло заради плаката на која се наоѓал украински политичар наречен „Путинов агент“.
Меѓусебното туркање на двајца од пратениците многу брзо прераснало во општа физичка пресметка, при што тупаници летаа на сите страни, а седницата била прекината. Човек слободно може да каже ништо чудно, зошто ова не е прв случај на тепачка меѓу украинските пратеници во Собранието.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.