Питер Лалор, спортски новинар од Австралија, бил шокиран и фрапиран после наплатената сметка за едно пиво во луксузен хотел во Манчестер, Велика Британија. Откако платил, сфатил дека останал без скршена пара на картичката.
Новинарот нарачал шише пиво во луксузниот Malmaison Hotel во Манчестер , но не можел ниту да сонува дека за истото ќе плати вртоглави 55.000 фунити. Лалор по натреварот во крикет за купот на Англија и Австралија на Олд Трафорд, отишол за да се види со колегите, спортски новинари, во хотелот во Манчестер.
„Кога го плаќав пивото со мојата картичка, немав очила, но забележав дека има проблем со ПОС-уредот , кој ми бараше двапати да ги внесувам моите податоци“.
„Имав чудно чувство , па ја прашав келнерката колку платив за пивото, а таа ја погледна сметката и рече – Боже напомош!“.
See this beer? That is the most expensive beer in history.
I paid $99,983.64 for it in the Malmaison Hotel, Manchester the other night.
Seriously.Contd. pic.twitter.com/Q54SoBB7wu
— Peter Lalor (@plalor) September 5, 2019
Но, следното утро рано му заѕвонил телефонот на Лалор , му се јавила вознемирената сопруга.
Таа забележала дека им недостасува огромна сума на нивната сметка за хипотека.
-Можат да ги земат вашите пари за секунда, но не можат да ги вратат за помалку од десет дена. Не ми е пријатно да се будам секое утро со минус од 55.000 фунти на мојата сметка (околу 100,000 австралиски долари), рече тој за Гардијан.
Еден колега се шегуваше дека ми наплати пиво во Манчестер по цена како во Лондон, мислејќи на едно пиво што во познат паб чини 22,50 фунти.
“Мислам дека го платив најскапото пиво во историјата . Добро беше, но не 55,000 фунти добро”, рече Лалор , кој не ја изгубил својата смисла за хумор.