Новинар од “1ТВ“ се пријавил да даде исказ за “Рекет“

Новинар од “1ТВ“ телевизијата се пријавил да даде исказ во Обвинителството во врска со случајот “Рекет“, објави ТВ “Телма“.
Новинарите на “1ТВ“ се на принуден одмор до 15 август, а во средата беше емитувано последното издание на Централниот дневник.
Од ОЈО во петокот информираа дека во врска со истрагата за “Рекет“ изјава дале градоначалникот на општина Карпош и градоначалничката на општина Битола.
Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на Обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на Јавниот обвинител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.