Новиот комесар за проширување за Алсат: Очекувам уставни промени од Македонија

Европскиот парламент ја изгласа тука во Стразбур новата Kомисија, која беше изгласана со 370 гласа „за“. Но ова гласање беше многу специфично, бидејќи требаше да се направат исклучително многу компромиси. Еден од компромисите беше да не се соработува, особено со европратениците кои доаѓаат од крајната десница, а според кажаното, направени се и многу отстапки на зелените, без кои оваа комисија реално не можеше да биде изгласана. Друга специфичност на ова гласање е тоа што за прв пат од Балканот има комесар, односно Марта Кос од Словенија. Фактот дека доаѓа од држава на поранешна Југославија, ќе се посвети на проширувањето, бидејќи ќе биде нов комесар за проширување, тука во Европскиот парламент, каде многу се зборува за Северна Македонија, можеби повеќе неофицијално. Сепак, официјалните лица велат дека се работи на тоа Северна Македонија да може да ги забрза чекорите кон интеграција во ЕУ.

Да, очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи тоа е нешто што го очекуваме, ништо помалку и ништо повеќе и сигурна сум дека тоа е можно да се направи, а потоа можеме да одиме напред многу брзо.

Дали има некаква гаранција дека нема да има повеќе блокади?

Јас не сум таа која може да даде такви гаранции. “

Исто така, во ексклузивна изјава за Алсат ТВ ја прашав г-ѓа Кос што ќе направи за да го надмине ќор-сокакот меѓу Скопје и Софија. Еве како одговори таа.

„Да разговарам со нив, да разговарам што е можно повеќе. Да разговарам со вас во Северна Македонија и Бугарија. Треба да покажеме дека од нас зависи како ќе ги решиме билатералните прашања. Без ова и секако следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за Европската унија, и она што е најдобро за Северна Македонија“, рече Кос.

Во соопштението, пак, Кос вели дека Македонија дефинитивно ќе мора да ги усвои уставните измени, без кои не може да се оди понатаму.

Пронајдете не на следниве мрежи: