Новиот хит на Psy има 100 милиони прегледувања на YouTube

 Новиот спот на јужнокорејската музичка ѕвезда Psy во средата ја надмина границата до 100 милиони прегледувања на интернет ресурсот за размена на видео материјала YouTube откако се појави минатиот викенд, што претставува нов апсолутен рекорд за него чиј прв спот „Gangnam Style“ кој е погледан 1,5 милијарди пати.Видеото „Gentleman“ е отворен 105,4 милиони пати, со што го надмина досегашниот рекорд на Британката Сузан Бојл со нејзината изведба на „I Dreamed a Dream“ кој беше погледан повеќе од 100 милиони пати за помалку од една седмица во 2009 година.Интересно е што секој шести корисник на интернет којшто го изразил своето мислење за „Gentleman“, односно 1,3 милиони луѓе, рекол дека видеото не му се допаѓа.Новата кореографија за спотот Psy ја претстави на концерт одржан на стадионот во јужнокорејската престолнина Сеул во саботата.Нумерата „Gentleman“ во средата беше меѓу десетте најпродавани наслови на iTunes во Франција, Австралија, Канада и Велика Британија, а прв беше во Финска, Шведска, Данска и Грција.Во новиот спот, до минатата година само јужнокорејската ѕвезда којашто со „Gangnam Style” се стекна со планетарна слава, со заоблени очила со бели рамки, е џентлмен кој се обидува да ги шармира младите жени во спортски клубови, луксузни продавници и ресторани, со шеги со сомнителен вкус. Новиот спот на јужнокорејската музичка ѕвезда Psy во средата ја надмина границата до 100 милиони прегледувања на

Пронајдете не на следниве мрежи: