Директорот на Huawei, Ричард Ју официјално потврди дека P40 серијата ќе биде претставена по претставувањето на подобрената верзија на првиот смартфон на преклоп со ознака Мејт Иксес.
И П30 исто така беше претставено минатата година во приближно исто време.
P40 и P40 Pro ќе имаат подобри камери во однос на претходните модели. Моделот Pro ќе има пет камери: главната камера ќе има 64 MP, телефото камерата ќе има 12 MP со 10х oптичко зумирање, ултраширока камера, сензор за длабочина и макро камера.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.