Предлогот на Фондот за здравствено осигурување за контрола на евентуалните злоупотреби на боледувањата треба да помине на Управен одбор во ФЗОМ а потоа да се добие зелено светло до Министерството за здравство.
Ваквиот потег наиде на одобрување кај дел од матичните доктори со објаснување дека треба да с естави крај на системот на злоупотреби да се земаат боледувања а да се оди на одмор или да се вршат приватни работи на сметка на лажни боледувања вели доктор Лидија Чолакова. Потенцира дека како систем постоел и во времето на СФРЈ и дека истиот е добар механизам за да се зацврсти статусот на матичниот доктор. Појаснува дека има и случаи каде работодавачите бараат контрола на издадено боледување но и ситуација кога работодавачот не му овозможува одмнор на работникот кој потоа посегнува кон лекарско кое ако не му го издаде матичниот истиот се испишува и заминува кај друг матичен.
Лилија Чолакова Дервишова – претседателка на Здружение на приватни матични лекари
– Од Независниот синдикат на здравствени работници велат дека предлогот е добар и дека истиот ќе овозможи да се види кој прави злоупотреба на системот а за кои ФЗОМ потоа е принуден да плаќа за некој да оди на летување на сметка на издадено боледување.
Со идејата ќе се воиспостави систем на контрола на злоупотребите кои се наталожени во државата а з акои Фондот потоа исплаќа пари вели во телефонски разговор директорот на ФЗОМ, Златко Перински. Појаснува дека целта е да се воспостави функционален систем а притоа да се направи и контрола на буџетските пари кои треба да ги добиваат тие на кои навистина им е потребно боледувањето.



