Нови бомби за затворањето на ТВ А1

Рамковски по објавувањето на „бомбите“ за А1 најавува дека ќе бара ново судење.

Пуштени се две бомби денеска со наслов „Вистината за А1“ на Јутјуб платформата за видеа.

Во првата бомба се слушаат гласовите на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, кој е во канцеларијата на тогашниот премиер.

Никола Груевски: Горде, да прашам вака твое мислење со Љупчо Шврговски сме заедно. Нешто си правиме муабет вака за ова со Пајажина. Зошто не се одеше со собирање на парите од сметка што ги должи он?

Љупчо Шврговски: Ало Горде здраво, еј види знаеш што ми е, мислам сега веке е касно мислам дека кај направивме една грешка во чекори. Ние мислам дека лошо направивме што ги блокиравме тие пари сеа мене не ме прашаа за совет. Ние имавме од управа решение со кое што он беше задолжен да ги плати тие пари, 7 милиони, колку има тамо, евра ли…

Гордана Јанкуловска: ДА ДА ДА, Според управа за јавни проходи.

Љупчо Шврговски: Епа зошто не го активиравме ние тоа решение, фирмата ќе нема во рок од 45 дена да плати и во стечај ке ја фрлевме.

Втората бомба објавува разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски.

Горан Трајковски: Ма нека се носат…гони гу у п…м…

Драган Павловиќ Латас: Мислам дека треба да има стечај и по закон да им се одземе опремата а на сите други да им се каже дека се навработени и од сабајле да ве нема повеќе тука.

Горан Трајковски: Дента се носи решение и сите се без работа. Тоа е по сила на закон. Дента се носи решение и по сила на закон дента се сите без работа.

Драган Павловиќ Латас: Да да..тоа е најдобриот начин.

Драган Павловиќ Латас: Ти кога може да побараш стечај?

Горан Трајковски: Уфф, еве сега ги правиме математиките и има различни математики. Најпесимистички е 5 август. Во моментов сме симнати на 15 јули.

Велија Рамковски вака ги коментираше овие објави од денеска: „Овие бомби го покажаа тоа што целиот народ го знаеше, дека Груевски исплете мрежа, пајажина за затворањето на А1. Во затворот, затворениците, службениците, полицајците, немаше некој на кого не му беше јасно дека сме затворени од Груевски. А целта беше, цел тој театар затворање на А1 и од овие раговори баш се гледа тоа негово оркестрирање на целиот тој случај. Јас се надевам дека во овие демократски услови, по падот на Груевски, бараме само повторно судење, чесно судење. Не велам виновен-невин. Сакаме повторно судење каде што ќе може да се види реалната причина за цел тој судски процес“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.