Нови возбудливи филмски приказни во 2019

Филмовите кои следуваат се најочекуваните и најнајавуваните остварувања кои ќе го означат филмскиот календар во 2019! Некои од нив можеби ќе станат класици, некои можеби по кратко време ќе се заборават. Но сепак, веруваме дека во филмската 2019 секој филмски сладокусец ќе најде по некој наслов заради кој ќе ги посети киносалите…
На почетокот на Новата 2019, за љубителите на филмовите било тие да уживаат во романтични комедии, анимирани, криминалиситички, авантури или филмови за суперхерои, ги претставуваме филмските осварувања кои по својот успех и гледаност ќе ја означат годината. Некои од нив можеби ќе станат класици, некои можеби по кратко време ќе се заборават. Но сепак, веруваме дека во 2019-та секој љубител на филмови ќе најде по некој наслов заради кој ќе ги посети киносалите. Овие филмови кои следуваат се најочекуваните и најнајавуваните остварувања кои ќе го означат филмскиот календар во 2019!


Стакло (Glass)
Веднаш во јануари пристигнува третиот дел од “Нескршливиот”, сега насловен “Стакло” со Брус Вилис во главната улога, а во режија на М. Најт Шамалан. Овој пат дејството е уште повозбудливо, чуварот Дејвид Дун (Брус Вилис) ги употребува своите натприродни моќи за да го пронајде Кевин Вендел Крамб (Џејмс Мекавој), растроен човек со 24 различни личности во себе. Не знаеме дали “Стакло“ ќе продолжи со праксата на добра приказна, но сигурно е дека продуцентите заштедиле на најмалку 24 актери, па доколку филмот помине лошо, нема многу да се секираат. Во останатите улогите настапуваат Сара Полсон, Ања Тејлор-Џој, Семјуел Л. Џексон.
Што сакаат мажите (What Men Want)


Неодоливата Тараџи П. Хенсон која ја засакавме во серијата “Империја“ како Куки, во комедијата “Што сакаат мажите” во режија на Адам Шанкмен, ќе ја видиме во сосем ново светло. Во овој филм, кој во киносалите пристигнува во февруари, таа игра улога на спортски агент, а проблемот се јавува кога нејзините машки колеги ја саботираат и ја отстрануваат од професијата. Сепак, таа добива неочекувана предност кога развива способност да ги чита нивните мисли.
Грејхунд (Greyhound)
Воената драма ” Грејхунд” во режија на Арон Шнајдер за љубителите на историски настани пристигнува во март 2019-та. Во филмот командант на морнарица командува со воениот брод Грејхунд за време на Втората светска војна. Во улогите настапуваат: Елизабет Шу, Том Хенкс, Стефан Греам.
Хелбој (Hellboy)
Врз основа на графичките романи на Мајк Мињола, Хелбој (Дејвид Харбор), сместен помеѓу световите на натприродното и човечкото, се бори против древната волшебница (Мила Јовович) која бара одмазда. Оваа фантастична авантура, која е позната по црвениот рогоносец Хелбој, во режија на Нил Маршал во кината пристигнува во април 2019-та.
Шазам! (Shazam!)


За оваа фантастична акција најверојатно најмногу се зборуваше. Во режија на Дејвид Ф. Сандберг и со Захари Леви во главната улога, “Шазам!” е најновата авантура со суперхерои кој пристигнува во април. Во неа, магичниот збор шазам, едно 14-годишно момче го претвора во суперхерој. Во останатите улоги настапуваат: Марк Стронг и Адам Броди.
Ад Астра (Ad Astra)
Актерскиот тим кој стои зад оваа научно-фантастична авантура (Бред Пит и Томи Ли Џонс) ветува дека “Ад Астра” во режија на Џејмс Греј е еден од оние филмови кои секако се најочекувани во 2019-та (премиерно прикажување е во мај). Сепак, бидејќи вакви проекти обично се на работ помеѓу успех и тотален неуспех, можно е “Ад Астра” да биде големо разочарување. Во него, астронаутот Рој Мекбрајт патува кон надворешните рабови на Сончевиот систем за да го пронајде својот исчезнат татко и да ја разоткрие мистеријата што го загрозува опстанокот на нашата планета.
Годзила-Кралот на чудовиштата (Godzilla: King of the Monsters)
Љубителите на добри акции со огромни чудовишта ќе имаат можност да уживаат во најновото продолжение за најстрашното од сите (на крајот на мај). Дејството во филмот, во режија на Мајкл Доерти, се базира на конфликтот на Годзила со други чудовишта, а Годзила овој пат ќе има задача да го оправда името на филмот: дека е крал на чудовиштата. Улогите ги толкуваат Мили Боби Браун, Вера Фармига, Чарлс Денс.
Рокетмен (Rocketman)


По филмската приказна за групата Квин и Фреди Меркјури, во мај 2019-та на филмското платно пристигнува и приказната за сер Елтон Џон. “Рокетмен” во режија на Декстер Флечер, е биографска драма, музичка и нецензурирана приказна за големиот вокал и композитор сер Елтон Џон. Во филмот настапуваат актерите: Брајс Далас Хауард, Ричард Маден, Тарон Егертон.
Си беше еднаш во Холивуд (Once Upon a Time in Hollywood)
Во режија на Квентин Тарантино во август 2019-та стигнува “Си беше еднаш во Холивуд“, а улогите ги толкуваат Марго Роби, Леонардо Ди Каприо, Бред Пит. Жанровски, крими драма, филмот се одвива за време на убиставата на Чарлс Мансон во 1969 година во Лос Анџелес. Леонардо ди Каприо глуми ѕвезда на ТВ-серија, Рик Далтон, која се обидува да ја оживее својата кариера, додека Бред Пит ќе го игра, Клиф Бут, кој има иста амбиција.
Џокер (Joker)
Оваа фантастична авантура, која пристигнува во кината во октомври 2019-та, ќе се фокусира на приказната за настанувањето на легендарниот ДиСи негативец Џокер. Во режија на Тод Филипс, во филмот, актерот Хоакин Феникс го глуми Џокер, а настапуваат и Роберт де Ниро и Шеа Вигам.
Фрозен 2 (Frozen 2)
Во ноември 2019-та на филмското платно ќе може да се види и продолжението на познатиот анимиран филм на Волт Дизни “Фрозен”. Во режија на Крис Бак и Џенифер Ли, гласовите во оваа ледена авантура ги позајмуваат Кристен Бел, Џош Гад, Идина Менцел.
Војна на ѕвездите: Епизода 9 (Star Wars: Episode IX)
И за крај на 2019-та, или во декември се очекува и најавува “Војна на ѕвездите: Епизода 9“. Ова треба да е последниот филм во новата трилогија на “Војна на ѕвездите”. Филмот е во режија на Ј.Ј. Абрамс, а актери: Дејзи Ридли, Оскар Исак, Адам Драјвер, Марк Хамил, Лупита Нонг

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.