среда, 25 ноември 2026
Најново

Нови детали за необичниот случај на заѕиданите пари на апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Потрагата по уште пари и докази против апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжува, по претходно откриениот сомнителен имот.

Деновиве во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид, за кои истрагата проценува дека се без покритие.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) истакнуваат дека јавниот обвинител во наредните денови ќе одлучи за мерки за обезбедување на присуство на осомничениот.

Пред една недела Ристов информирал дека заминува на боледување, по што не се појавил на работа, а неговиот мобилен телефон не е во употреба веќе повеќе од еден месец.

Ова се случува откако се отвори истрагата против адвокатот Фехми Стафа за поткупување судија во Скопска апелација.

Поврзани вести